• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Нетанјаху: Работиме против Иран и „од блиску и од далеку“

Нетанјаху: Работиме против Иран и „од блиску и од далеку“

Ерусалим, 5 септември 2018 (МИА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја работи на „сите подрачја, од блиску и од далеку“ против Иран.

Тој на владина седница истакна дека Израел одлучно работи за да се спротистави на прецизното оружје што може да биде употребено против него, но и како да го спречи Иран да воспостави воено присуство во соседна Сирија.

Изјавата на Нетанјаху уследи откако вчера израелски воен претставник изјави дека Израел во претходните 18 месеци погодил над 200 ирански цели во Сирија. ми/18:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.