• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Најмалку осуммина загинати во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку осуммина загинати во самоубиствен напад во Кабул

Кабул, 5 септември 2018 (МИА) - Најмалку осум луѓе загинаа, а 22 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз спортски клуб во шиитски кварт во Кабул.

На местото на инцидентот откако пристигнале брза помош, полицајци и новинари уследила уште една експлозија. Но, се уште е непознато дали има настрадани лица во втората експлозија.

Се уште никоj не презеде одговорност за нападот врз боречкиот клуб.

За претходните напади врз шиити одговорноста ја преземаше авганистанскиот огранок на сунитската група Исламска држава. Во април бомбаш-самоубиец активира експлозив врз новинари во Кабул, при што загинаа деветмина. ми/18:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...