• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Најмалку 20 загинати при двоен самоубиствен напад во Кабул (ДПЛ)

Најмалку 20 загинати при двоен самоубиствен напад во Кабул (ДПЛ)

Кабул, 5 септември 2018 (МИА)Најмалку 20 луѓе загинаа, а 70 се повредени во двоен самоубиствен бомбашки напад врз спортски клуб во шиитски кварт во главниот град на Авганистан, Кабул.

На местото на инцидентот откако пристигнале брза помош, полицајци и новинари уследила уште една експлозија.

Помеѓу загинатите двајца беа новинари.

Се уште никоj не презеде одговорност за нападот врз боречкиот клуб.

За претходните напади врз шиити во Авганистан одговорноста ја преземаше авганистанскиот огранок на сунитската група Исламска држава. Во април бомбаш-самоубиец активира експлозив врз новинари во Кабул, при што загинаа деветмина. ми/19:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.