• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Хоспитализирани 12 патници од летот Дубаи - Њујорк кој беше ставен во карантин

Хоспитализирани 12 патници од летот Дубаи - Њујорк кој беше ставен во карантин

Њујорк, 5 септември 2018 (МИА) - Дванаесет патници од авионот што денеска беше ставен во карантин на аеродром Џон Фицџералд Кенеди во Њујорк биле хоспитализирани поради сериозноста на здравствените симптоми на кои се пожалиле. Околу стотина од вкупно 500 патници во авионот на компанијата Емиратс што слета во Њујорк од Дубаи имале симптоми на кашлица и треска со повишена температура, што предизвика сериозна загриженост на прометниот аеродром.

Во Белата куќа, Сара Сандерс, портпаролка на претседателот Доналд Трамп, изјави дека состојбата внимателно се следи. Се уште не е позната точната причина на масовните симптоми кај патниците, но по неколку часа повеќето од нив биле пуштени од авионот, откако биле прегледани од страна на лекарските екипи. цч/19:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ