• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Нов меѓукорејски состанок на врвот ќе се одржи од 18 до 20 септември

Нов меѓукорејски состанок на врвот ќе се одржи од 18 до 20 септември

Сеул, 6 септември 2018 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе се сретне со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин во Пјонгјанг од 18 до 20 септември. Двајцата лидери ќе разговараат за нуклеарно разоружување.

Тоа ќе биде трет самит меѓу нив. Тие ќе разговараат за практичните мерки за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, рече претставникот на Јужна Кореја Чун Ју-Јон. Тој ја предводи делегацијата, која е во посета на Пјонгјанг и му предаде писмо од јужнокорејскиот претседател на лидерот на Северна Кореја.

Ким Џонг-ун денеска ја потврди својата заложба за поддршка на денуклеаризацијата на полуостровот.  ир/зш/07:43

###


       

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.