Најмалку еден загинат во земјотрес во Јапонија

Најмалку еден загинат во земјотрес во Јапонија

Toкио, 6 септември 2018 (МИА) – Еден човек загина и 48 се повредени во силен земјотрес што ноќеска ја погоди Јапонија.

Потресот со интензитет од 6,7 се случил во три часот и 12 минути по локално време. Епицентарот бил во округот Ибури на длабочина од 37 километри на остоворот Хокаидо.

Земјотресот предизвикал уривање на населени места на островот.

Во Кабинетот на премиерот Шинѕо Абе е формиан кризен штаб и најмалку 25 илјади војници се испратени за справување со последиците од портесот.

Во градот Ацума 20 луѓе се водат како исчезнати.

Потресот го прекинал снабдувањето со струја на островот Хокаидо поради што речиси три милиони домаќинства се без електрична енергија.

Поради потресот откажани се над 200 летови и запрено е движење на возови.  јт/зш/07:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...