Трамп: Никогаш не сум ни разговарал за атентат врз Асад

Трамп: Никогаш не сум ни разговарал за атентат врз Асад

Вашингтон, 6 септември 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не барал атентат врз сирискиот лидер Башар ал- Асад, оспорувајќи ги наводите од книгата на Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“.

Трамп на новинарите им рекол дека за можноста за атентат на Асад „никогаш не ни било разговарано“.

-За тоа никогаш не се ни размислувало, ниту ќе се размислува, изјави Трамп, со оценка дека книгата на Вудворд е „фикција“.

Американскиот новинар Вудворд напиша во книгата дека Трамп минатата година сакал Асад да биде убиен, но министерот за одбрана Џејмс Матис го игнорирал неговото барање. ир/зш/08:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...