Сузбивањето на климатските промени може да предизвика огромен раст на светскиот БДП

Сузбивањето на климатските промени може да предизвика огромен раст на светскиот БДП

Лондон, 6 септември 2018 (МИА) - Мерките за сузбивање на климатските промени би можеле да ја зголемат вредноста на светската економија до 2030 година за 26.000 милијарди долари, покажува најновото истражување.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави минатата година дека ќе ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени поради „драконскиот финансиски и економски товар“, кој ќе и биде наметнат на неговата земја. Тој смета дека земјата поради овој договор би можела до 2025 година да загуби 2,7 милиони работни места.

Глобалната комисија за економија и клима, составена од поранешни премиери, бизнисмени и економисти, идентификувала „замав без преседан“ во правец на еколошки поприфатлив економски раст, кој ќе поттикне отворање на нови работни места и ќе ги забрза економските активности.

Комисијата наведува дека одлучни мерки за заштита на климата би можеле да ја зголемат сегашната вредност на светската економија за минимално 26.000 милијарди долари нето до 2030 година.

- Се уште постои верување дека преминот на производство со ниски емисии на штетни гасови ќе биде скап. Со овој извештај се обидуваме дефинитивно да го побиеме тоа уверување, изјави шефицата на истражувањето Хелен Хаунтфорд.

Првиот извештај е објавен во 2014 година, а во најновиот Комисијата истакнува подетални прогнози со кои сака да ги потенцира економските предности поврзани со напуштањето на фосилните горива. гт/10:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...