• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Хун Сен реизбран за премиер на Камбоџа

Хун Сен реизбран за премиер на Камбоџа

Пном Пен, 6 септември 2018 (МИА) - Парламентот на Камбоџа денеска го реизбра на премиерската функција  Хун Сен, со што и по 33 години на власт, ќе продолжи да управува со земјата.

- Денеска е историски ден за Камбоџа, рече радосно Хун Сен пред пратениците од неговата Камбоџиска народна партија, кои беа инаугурирани вчера.

Тој оцени дека парламентарните избори биле „фер и транспарентни", за инает на критиките од странство заради затворањето под сомнение „шпионажа" на лидерот на опозицијата и за распуштањето на неговата партија.

Хун Сен ја осуди опозицијата дека со месеци се обидувала организира „шарена револуција" во Камбоџа со поддршка на САД. ссм/14:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ