• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Најмалку тројца убиени во вооружен напад во банка во Синсинати

Најмалку тројца убиени во вооружен напад во банка во Синсинати

Синсинати, 6 септември 2018 (МИА) - Најмалку три лица биле убиени во напад во американскиот град Синсинати, каде вооружено лице отворило оган во банка во центарот на градот.

Локалните медиуми јавуваат дека полицајци интервенирале и размениле оган со напаѓачот. Засега се потврдени три жртви и тројца ранети, а и напаѓачот бил убиен. Инцидентот се случил во деловен центар, а очевидците велат дека слушнале најмалку 15 истрели за време на нападот. Според сведоците, една од жртвите е жена која влегла во банката откако нападот почнал - поради слушалките кои ги носела не ги слушнала повиците да не влегува во зградата.

Засега не се објавува идентитетот на напаѓачот или неговиот можен мотив. цч/ссм/17:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...