Островските земји од Тихиот Океан бараат САД да се вратат во Парискиот климатски договор

Островските земји од Тихиот Океан бараат САД да се вратат во Парискиот климатски договор

Сиднеј, 6 септември 2018 (МИА) - Островските држави од Тихиот Океан во заедничка декларација за климатските промени ги повикаа САД да се вратат во Парискиот договор за климата.

Декларацијата е усвоена на самитот на 18-те земји во малата островска држава Науру.

- Климатските промени претставуваат најголемата поединечна закана за егзистенцијата, безбедноста и просперитетот на народите од Пацификот", се вели во декларацијата. „Се надеваме дека САД повторно ќе станат дел од Парискиот договор, бидејќи значително намалување на штетните емисии е невозможно се додека најголемиот извор на стакленички гасови не учествува во процесот, рече премиерот на Тувалу, Енеле Сопоага.

Присутните потсетија дека еден од 18-те учесници на форумот - Австралија, исто така го следеше примерот на САД и се повлече од Парискиот договор. Сопоага не сакаше да ја именува конкретната земја, и само рече дека таа почнува со буквата А. Друга земја учесничка на средбата во Науру, чие име започнува со А, нема.

Портпаролот на австралискиот министер за надворешни работи се уште не ја коментираше изјавата. ссм/19:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...