• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Министерството за правда на САД отвори нова истрага во „Велс Фарго“

Министерството за правда на САД отвори нова истрага во „Велс Фарго“

Вашингтон, 6 септември 2018 (МИА) - Американското министерството за правда започна уште една истрага во една од најголемите банки на САД, „Велс Фарго“, објави „Волстрит журнал“.

Годинава во мај се дозна дека вработени во одделот за правни лица на банката самостојно додавале информации за голем број на клиенти, покрај постоечките, и притоа клиентите не знаеле за тоа. За незаконските дејства на вработените банката дозна после извршената внатрешна ревизија.

Оваа пракса траела година и пол и вработените со тоа сакале да ги задоволат барањата на регулаторите во однос на борбата со перење на пари.

Како што наведува весникот, Министерството за правда сега сака да појасни дали имало случаи на махинација од страна на вработените кои додавале информации за клиентите и дали менаџментот ги терал вработените да прават незаконски дејства.

„Велс Фарго“ и Минстерството одбија да коментираат за ова. бк/ссм/19:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ