Католичките цркви во Њујорк под истрага за сексуално малтретирање

Католичките цркви во Њујорк под истрага за сексуално малтретирање

Њујорк, 6 септември 2018 (МИА) - Јавното обвинителство на Њујорк поднело барања за доставување на информации до сите осум католички бискупии во сојузната држава, со цел да се соберат податоци за прикривање на сексуално малтретирање во рамките на црквата.

Обвинителката Барбара Андервуд воедно најави дека работи со околиските обвинители да се отворат истраги за наводите за малтретирање. Католичката црква е зафатена од скандал во кој обвиненијата допреа и до папата Франциско, за систематско криење на информациите за сексуално малтретирање на малолетници од страна на свештениците. Обвинителите во сојузната држава Пенсилванија неодамна излегоа со детален извештај на 900 страници за прикривањето на ваквите случаи во тамошните бискупии, по што и другите американски држави почнуваат со истраги. цч/20:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ