• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Шинѕо Абе: Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија се искачи на 16

 Шинѕо Абе: Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија се искачи на 16

Токио, 7 септември 2018 (МИА) – Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека бројот на жртвите од силниот земјотрес на островот Хокаидо се зголемил на 16.    

Абе, на состанокот на владата, изјави дека 26 лица се уште се водат за исчезнати по вчерашниот земјотрес со јачина од 6,7 степени, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, што ги затрупа домови и доведе до прекин на електричната енергија и проблеми во сообраќајот, што го парализира Хокаидо.
 
- Околу 22.000 работници ја поминаа ноќта во акции за спасување. Владата ќе ја зголеми помошта и ќе вложи максимални напори за спасување животи, рече Абе.

Повеќе од половина од 5,3 милиони жители на островот остануваат без електрична енергија, а 42.000 домаќинства се уште се без вода.ир/зш/07:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.