САД: Има многу докази дека во Идлиб се подготвува хемиски напад

САД: Има многу докази дека во Идлиб се подготвува хемиски напад

Вашингтон, 7 септември 2018 (МИА) – Има многу докази дека сириската влада подготвува употреба на хемиско оружје во регионот Идлиб на северозапад во Сирија, изјави новиот американски пратеник за Сирија, Џим Џефри.

Тој предупреди дека каков било напад врз бунтовничката енклава би претставувал „невнимателна ескалација“.

– Каква било офанзива за нас би била неприфатлива, изјави Џефри.

Сирискиот премиер Имад Хамис претходно изјави дека провинцијата Идлиб што е под контрола на опозицијата, наскоро ќе биде вратена под суверенитет на Сирија. Истовремено, вети дека ќе победи во секоја идна војна.

– Идлиб наскоро ќе и биде вратен на нацијата....Сирија ќе победи во секоја нова војна, изјави Хамис во говор на отворање Меѓународен саем во Дамаск. ир/зш/12:15

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...