Во Мексико откриени 32 гробници со 166 тела

Во Мексико откриени 32 гробници со 166 тела

Мексико, 7 септември 2018 (МИА) -  Мексиканските власти соопштија дека откриле тела на 166 луѓе во 32 тајни масовни гробници во државата Веракруз.

Обвинителството соопшти дека телата биле погребани најмалку пред две години.

Иследници нашле 114 лични карти на местото. 

Властите го нашле местото откако добиле информации од сведок, кој им кажал дека биле закопани стотици тела.

Ова е една од најголемите масовни гробници пронајдени во Мексико, каде што нарко картелите често користат тајни јами за да се ослободат од своите жртви.

Во 2016 и 2017 година, властите во Веракруз откриле 253 черепи и тела во необележани гробови.

Во 2011 година, полицијата пронајде 236 трупови во Дуранго, главниот град на таа мексиканска држава. ир/зш/08:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...