• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Силен земјотрес во Еквадор

Силен земјотрес во Еквадор

Кито, 7 септември 2018 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во централниот дел на Еквадор, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на потресот бил на 94 километри јужно од градот Амбато на длабочина од 112 километри.

Засега нема податоци за жртви и причинета материјална штета. јт/07:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ