• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Патници од два авиона во карантин на аеродром во Филаделфија

Патници од два авиона во карантин на аеродром во Филаделфија

Филаделфија, 7 септември 2018 (МИА) – Сите патници и членови на екипаж од два авиона на компанијата „Америкен ерлајнс“, кои на аеродром во Филаделфија пристигнале од Европа се во карантин откако кај 12 луѓе се појавиле симптоми слични на грип.

- На лекарски преглед се вкупно 250 лица  поради предостржност, а американскиот Центар за контрола и превенција на болести е известен, изјави портпаролка на аеродромот.

Двата авиона слетале вчера попладне по локално време  - еден од Париз, а другиот од Минхен.

Не е загрозено функционирањето на аеродромот. ир/зш/08:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.