• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Министерот за одбрана на САД во ненајавена посета на Авганистан

Министерот за одбрана на САД во ненајавена посета на Авганистан

Кабул, 7 септември 2018 (МИА) – Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пристигна денеска во ненајавена посета на Кабул за време на која ќе има сосстанок со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и новиот командант на американските и НАТО сили во таа држава.

САД во моментот имаат 14.000 војници распоредени во Авганистан и претставуваат наголем дел во составот на НАТО мисијата за поддршка и обука на авганистанските безбедносни сили.

Тоа е втора посета на Матис во изминатите неколку месеци и е во клучен момент на судирите што траат 17 години.

Авганистанските и американски сили не напредуваат во борбата против талибанците и дипломатските актери двојно ги засилуваат напорите за водење мировни преговори.зш/11:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ