Заедничката декларација на Путин, Ердоган и Рохани не остава многу надеж за прекин на огнот во Идлиб

Заедничката декларација на Путин, Ердоган и Рохани не остава многу надеж за прекин на огнот во Идлиб

Техеран, 7 септември 2018 (МИА) - Лидерите на Турција, Русија и Иран договорија заедничко соопштение од денешната средба во Техеран во кое не е предвиден прекин на огнот во бунтовничката област Идлиб, како што се надеваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во заедничкиот документ е предвидено дека состојбата во Идлиб ќе се разгледува врз основа на принципите на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија, и дека ќе продолжат борбите против т.н. Исламската Држава, Ал Каеда, Фронтот ал Нусра и други исламистички групи. Русија и Иран подготвуваат офанзива врз Идлиб, која е последната поголема територија во Сирија што не е под контрола на сириската армија. Турција, пак, побара оваа операција да биде откажана, стравувајќи од нова хуманитарна катастрофа на нејзината граница и од нов бран бегалци. Се проценува дека во Идлиб живеат околу три милиони луѓе.

На денешната средба, која беше пренесувана во живо, Ердоган побара прекин на огнот во однос на Идлиб, но рускиот претседател Владимир Путин го одби ова барање. Двајцата претседатели, како и иранскиот претседател Хасан Рохани, се согласија само дека „нема да дозволат менување на фактите на теренот со користење на борбата против тероризмот како изговор“. Трите земји воедно ветија дека ќе се вложат напори за заштита на мирните граѓани на Сирија и за подобрување на хуманитарната состојба во земјата. Ердоган веќе предупреди дека Турција не е во состојба да прима повеќе бегалци. Мнозинството од жителите во Идлиб се сунитски муслимани, и се очекува дека доколку областа биде освоена од алавитската сириска армија и шиитските ирански сили, тие ќе се упатат првенствено кон Турција. цч/ссм/17:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...