• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

САД ќе го зајакнат военото присуство во Германија

САД ќе го зајакнат военото присуство во Германија

Берлин, 7 септември 2018 (МИА) - САД, кои веќе распоредија повеќе од 30.000 војници во Германија, ќе го зголемат военото присуство во таа земја, соопшти денеска американскиот амбасадор во Берлин Ричард Гренел .

„Повеќе од 1.500 војници ќе бидат испратени во Германија до 2020 година“, се вели во соопштението на амбасадорот Гренел. Ова идно распоредување ќе придонесе за „зајакнување на безбедноста на НАТО и Европа", оцени Гренел.

Најавата доаѓа и покрај бројните критики упатени кон земјите членки на НАТО од Доналд Трамп по неговиот избор за претседател на САД. Трамп посебно ја критикуваше Германија. Тој ја критикуваше Германија и другите членки на Алијансата дека не одвојуваат доволно пари за Алијансата и се потпираат на САД за да ја обезбедат својата безбедност.

Трамп ја критикуваше Германија за трошење милијарди долари за купување гас и нафта од Русија, наместо да придонесе за трошоците на одбраната. Германија планира да потроши 1,5 отсто од својот БДП за трошоците за одбраната во 2025 година. ссм/18:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ