• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Канада: Упатство за војниците кога можат да користат марихуана

Канада: Упатство за војниците кога можат да користат марихуана

Торонто, 7 септември 2018 (МИА) - Канадската војска денеска објави насоки за користење марихуана меѓу припадниците на Оружените сили на земјата.

Упатството е издадено пред легализацијата на марихуаната во Канада, која стапува во сила на 17 октомври.

Со ова упатство, меѓу другото, на припадниците на оружените сили им е забрането да конзумираат марихуана осум часа пред стапувањето на должност, 24 часа пред која било воена операција и 28 дена пред скокање со падобран од голема височина.

Исто така, ќе биде забрането користење марихуана за време на меѓународни операции. ссм/19:57

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ