Руски хакер екстрадиран во САД

Руски хакер екстрадиран во САД

Њујорк, 8 септември 2018 (МИА) – Рускиот хакер Андреј Тјурин е екстрадиран во САД, каде е обвинет дека помагал во најголемата кражба на кориснички податоци од американска финансиска институција, соопштија американски обвинители.

Тјурин (35) го уапсија грузиските власти. Обвинет е за помош при кражба на податоци на повеќе од 80 милиони корисници од базата на ДејПи Морган Чејс.

Тој е осомничен дека учествувал и во манипулации на пазари, нелегално интернет коцкање и разни шеми на измама. Тјурин е соочен со казна затвор од 30 години. зш/08:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ