Рохани: САД постојано испраќаат пораки до Иран за почнување преговори

Рохани: САД постојано испраќаат пораки до Иран за почнување преговори

Техеран, 8 септември 2018 (МИА) – Иранскиот претседател Хасан Рохани тврди дека САД постојано испраќаат поради до Техеран за почнување преговори.

– Од една страна тие се обидуваат да вршат притисок врз народот на Иран, а од друга секојдневно ни испраќаат пораки на различни начини за заеднички преговори, изјави Рохани во говор пренесуван од државната телевизија.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече својата држава од нуклеарниот договор со Иран во мај оваа година и повторно воведе санкции за Техеран во изминатиот месец. зш/08:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ