• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Ирак: Три проектили испукани врз аеродромот во Басра

Ирак: Три проектили испукани врз аеродромот во Басра

Басра, 8 септември 2018 (МИА) – Непознати напаѓачи испукаа денеска три ракети „каќуша“ врз аеродромот во Басра. Нема извештаи дека во нападот има жртви.

Според официјален претставник од аеродромската служба, не е јасно кој е одговорен за падот кој следува по хаотична ноќ во која стотици гневни демонстранти упаднаа во иранскиот конзулат во Басра и го запалија.

Не е прекинат воздушниот сообраќај од тој аеродром. Засега никој не презеде одговорност за нападот.зш/10:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ