Затвор за поранешен советник на Трамп

Затвор за поранешен советник на Трамп

Вашингтон, 8 септември 2018 (МИА) – Поранешниот дипломатски советник на Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос (31) осуден е на 14 денови затвор поради лажно сведочење во истрагата за можна соработка меѓу Москва и тим задолжен за кампањата на републиканскиот кандидат.

Тој доби и парична казна од 9.500 долари и една година условна казна со извршување работни обврски за општо добро.

Се изјасни за виновен во октомври 2017 година за лажно сведочење во ФБИ.зш/10:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ