Египет потврди 75 смртни пресуди

Египет потврди 75 смртни пресуди

Kaиро, 8 септември 2018 (МИА) – Суд во Каиро потврди денеска 75 смртни пресуди вклучително и за лидери на Муслиманско братство во врска со демонстрациите во поддршка на претседателот Мохамед Морси во 2013 година.

Тоа е најголем број смртни пресуди произнесени за едно дело. Одлуката беше донесена на 28 јули.

Четириесет и четворица беа во судницата, а 31 се осудени во отсуство. 

По соборувањето од власт на 3 јули 2013 година на Мохамед Морси, првиот демократски избран претседател во Египет, државата беше зафатена од бран насилства со месеци. зш/12:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ