Руски и сириски воени авиони бомбардираа цели во сириската провинција Идлиб

Руски и сириски воени авиони бомбардираа цели во сириската провинција Идлиб

Аман, 8 септември 2018 (МИА)  - Руски и сириски воени авиони бомбардираа денеска градови во покраината Идлиб. Тоа се случува само еден ден по самитот што пропадна во Техеран меѓу претседателите на Турција, Иран и на Русија кои не успеаја да ги надминат меѓусебните несогласувања и да се договорат за прекин на огнот.

Според западни медиуми, нападнати се од воздух повеќе села и градови во јужниот дел од Идлиб како и градот Латамхен на север од Хама што е се уште под контрола на бунтовниците.

Сириски хеликоптери фрлаа експлозив врз куќи во предградие на Кан Шеикун.

Таа провинција е последното големо упориште во Сирија со три милиони жители и десетици илјади борци најголем дел џихадисти. Иран, Русија и Турција не успеаја вчера да надминат свои несогласувања, договарајќи се само да продолжат со соработката за решение за избегнување цивилни жртви во тоа подрачје на северозапад во Сирија.зш/15:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...