МО на Русија очекува изрежиран напад со хемиско оружје во Идлиб

МО на Русија очекува изрежиран напад со хемиско оружје во Идлиб

Москва, 8 септември 2018 (МИА)  - Портпарол на Министерството за одбрана на Русија предупреди денеска дека за вечерва е планиран изрежиран хемиски напад во Сирија.

Игор Конашенко нагласи дека МО добило информација дека лидерите на групите Хајат Тахрир ал-Шам и Хизб ал-Туркистани ал-Ислам како и локални координатори на Сириската цивилна одбрана се собрале во терористичкиот коменден центар во Идлиб на 7 септември.

На тој состанок според него, договориле сценарио за изрежирани инциденти со употреба на отровни супстанци против цивили кои би биле припишани на сириската влада и сите треба да се подготват за вечерва.

- Специјална команда на некои „странски пријатели на сириската револуција“ треба да им дадат сигнал на терористите да почнат со практични провокации во провинцијата Идлиб, нагласи тој.зш/15:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...