• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Обама ги повика граѓаните да се мобилизираат за изборите во ноември

Обама ги повика граѓаните да се мобилизираат за изборите во ноември

Лос Анџелес, 9 септември 2018 (МИА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама ги повика синоќа граѓаните на Калифорнија да се мобилизираат за изборите и да и ја дадат власта во Конгресот на Демократската партија.

Тој ја отфрли политиката на страв на актуелниот претседател Доналд Трамп, без да го именува.

- Се наоѓаме пред тежок момент, истакна Обама пред избирачите во Анахајм, кој е традиционално републикански реон во државата Калифорнија, а обично ја освојуваат демократите.

Тој нагласи дека на изборите кои ќе се одржат во ноември „имаме можност да вратиме малку здрав разум во нашиот политички живот“.

- Ако сега не одговориме, работите можат да се влошат. Најголемата закана за нашата демократија не е еден човек, туку апатијата и индиферентноста, предупреди поранешниот претседател на САД. гт/12:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...