Трамп запре помош во вредност од 25 милиони долари за болници во Источен Ерусалим

Трамп запре помош во вредност од 25 милиони долари за болници во Источен Ерусалим

Вашингтон, 9 септември 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп запре помош во вредност од 25 милиони долари за лекување на Палестинци во болници во Источен Ерусалим, соопшти претставник на Стејт департментот.

Претходно оваа година Трамп побара да се преразгледа помошта, која САД им ја испраќаат на Палестинците, со цел да гарантира дека средствата се трошат согласно националните приоритети на САД. Како резултат на тој процес, средствата за болниците во Источен Ерусалим ќе бидат пренаменети за приоритетни проекти на друго место.

Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за намалување на помошта е дел од обидите на САД „да ја уништат палестинската кауза“ и да ги загрози животите на илјадници Палестинци.

- Таа опасна и неправедна ескалација од американска страна ги премина сите црвени линии и се смета за директна агресија врз палестинскиот народ, се наведува во соопштението. гт/15:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...