Хамнеи повика на јакнење на оружените сили

Хамнеи повика на јакнење на оружените сили

Дубаи, 9 септември 2018 (МИА) - Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи денеска на својата официјална веб страница повика за јакнење на оружените сили на земјата со цел да се „заплаши“ непријателот, во момент кога се зголемени тензиите со САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп во мај оваа година ги повлече САД од договорот на големите сили со Техеран, со кој е предвидено ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на некои санкции. Тогаш тој нареди повторно воведување санкции против Иран.

- Зајакнете ја својата сила колку повеќе можетем бидејќи вашата сила ќе го заплаши непријателот и ќе го принуди да се повлече, истакна Хамнеи на церемонија на прогласување млади офицери на регуларната иранска армија. гт/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...