Протести со барање за оставка на претседателот на Никарагва

Протести со барање за оставка на претседателот на Никарагва

Манагва, 10 септември 2018 (МИА) - Илјадници жители на Никарагва протестираа во главниот град Манагва со барање претседател Даниел Ортега да поднесе оставка и да бидат ослободени политичките затвореници.

Протестите беа организирани од семејствата на политичките противници, кои беа уапсени по протестите против Ортега во април.

Ортега ги испрати армијата и полицијата да ги стават под контрола деловите на земјата каде протестите беа најмасовни и се проценува дека од април до сега биле убиени најмалку 320 лица, а стотици се уапсени.

Демонстрантите во Манагва вчера извикуваа „слобода“ и „никој не може да го победи обединетиот народ“. Тие го обвинуваат левичарскиот претседател дека вовел целосна диктатура во Никарагва. цч/сп/07:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.