Талибанците зазедоа воени бази во авганистанскиот град Сар-е-Пул

Талибанците зазедоа воени бази во авганистанскиот град Сар-е-Пул

Кабул, 10 септември 2018 (МИА) - Талибанските милитанти ја презедоа контролата врз неколку воени бази и полициски контролни пунктови во северниот град Сар-е-Пул, главен град на истоимената провинција, пренесува ДПА..

- Најмалку 17 војници загинаа во нападите, што започнаа веднаш по полноќ, изјави членот на Советот на провинцијата Асиф Садиќи.

- Милитантите ги изведоа нападите од најмалку три различни насоки и ја зазедоа стратешката област во центарот на градот, позната како село Балхали, појасни Садиќи.

- Талибанците зедоа за залоќници голем број  од припадниците на безбедносните служби, додека други побегнаа во други бази во центарот на градот, изјави друг на Советот на провинцијата Реза Алимзада.

- Авганистанските сили спроведоа серија воздушни операции насочени против талибанските позиции, а спорадични борби се уште се одвиваат, наведе Садиќи.

Тој дополни дека во симултан напад на полициски контролен пункт во провинцијата Сајад, на само два километри од градот, загинаа две лица, а едно е повредено. ссм/09:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ