• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Јапонскиот премиер вети уставни измени доколку освои нов мандат на чело на партијата

Јапонскиот премиер вети уставни измени доколку освои нов мандат на чело на партијата

Токио, 10 септември 2018 (МИА) - Јапонскиот премиер Шинѕо Абе вети дека ќе го реформира пацифистичкиот Устав на земјата доколку биде избран за нов мандат на чело на Либерално-демократската партија (ЈМТ), која ја предводи шест години.

Конзервативниот 63-годишен лидер е фаворит на изборите, закажани за 20 септември. Тој има само еден конкурент, 61-годишниот поранешен министер за одбрана Шигеру Ишиба.

Доколку го освои мандатот, Абе ќе остане на чело на третата светска економија уште три години, со што ќе стане премиерот кој најдолго останал на власт во современата јапонска историја, пренесува БТА.

- Време е да се зафатиме со реформа на Уставот, изјави Абе, дополнувајќи дека планира да претстави предлог-закон за измени и дополнувања пред Парламентот до крајот на годината.

Според член девет од Уставот, напишан во 1947 година од американските окупациски сили по капитулацијата на Токио на крајот на Втората светска војна, државата „засегогаш“ се откажува од војна и се обврзува „никогаш да не поддржи пешадиски, воено-поморски и воено-воздухопловни сили, ниту друг воен потенцијал“, што значи дека не биле доволени какви било вооружени сили. 

По избивањето на војната во Кореја во 1950 година, САД биле исплашени дека „вирусот на комунизмот" ќе се прошири во Азија, па повторно дозволиле вооружување на Јапонија.

Поради опасноста од „црвените" Кина и Северна Кореја, пет години подоцна, Американците во Јапонија воспоставиле „одбранбени сили", војска која до денес, подолго од 65 години, не истрелала ниеден куршум.

Абе сака да ја измени таа одредба за забрана на вооружени сили, сметана од националистичките кругови како понижувачко сеќавање на поразот во 1945 година.

Јапонија формираше воени сили наречени „Сили за самоодбрана". Тие немаат дозволат да се вклучат во воена акција, освен при директен напад врз земјата. Абе објаснува дека сака да го промени уставот за да им даде на овие војници јасен статус, истовремено одржувајќи го основниот принцип на пацифизам што го имаат Јапонците. ссм/10:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...