• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

САД ја затвораат палестинската мисија во Вашингтон

САД ја затвораат палестинската мисија во Вашингтон

Ерусалим, 10 септември 2018 (МИА) - САД го информирале палестинското раководство за одлуката да ја затворат палестинската мисија во Вашингтон, соопшти денеска високиот палестински претставник Саеб Еракат, кој ја осуди „опасната ескалација" на американските одмазднички мерки.

Тоа е последната одлука од серијата мерки преземени од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп против палестинското раководство, кое ги замрзне односите со американските официјални лица откакои САД во декември 2017 година го призна Ерусалим за главен град на Израел.

- Американски службеник не извести за одлуката за затворање на палестинската мисија во САД, изјави вториот по ранг човек во Организацијата за ослободување на Палестина (ПЛО).

- Станува збор за нова илустрација на казнената политика која ја користи администрацијата на Трамп против палестинскиот народ, со која веќе е скратена финансиската помош за хуманитарни активности, вклучително и во секторите на здравството и образованието, рече тој.

- Оваа опасна ескалација јасно покажува дека САД се обидуваат да го уништат меѓународниот систем за да ги прикријат израелските злосторства, додаде Еракат. ссм/11:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ