• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Најмалку шест жртви во напад врз централата на Националната нафтена компанија во Триполи

Најмалку шест жртви во напад врз централата на Националната нафтена компанија во Триполи

Триполи, 10 септември 2018 (МИА) – Вооружени мажи ја нападнаа денеска централата на Националната нафтена компанија (НОС) во либискиот главен град Триполи каде се регистрирани експлозија и истрели, јавија западни медиуми.

Во нападот загинале најмалку шест луѓе. Централата ја нападнала група во која имало и самоубијци. Тројца активирале експлозиви што ги носеле на себе, а останатите упаднале во зградата и зеле заложници.

Во зградата избувна пожар кој пожарникари успеале да го локализираат. Се уште трае полициската потрага по напаѓачите кои се забарикадирани во објектот.зш/14:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ