• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ЕУ и САД се надеваат да постигнат договор за трговската криза во ноември

ЕУ и САД се надеваат да постигнат договор за трговската криза во ноември

Брисел, 10 септември 2018 (МИА) – Еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром и американскиот претставник за трговија, Роберт Лајтхајзер, имале „конструктивна“ средба за трговските разлики, порача канцеларијата на Лајтхајзер по средбата.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Малмстром и Лајтхајзер ќе се сретнат повторно на крајот на овој месец, по што ќе се одржат технички преговори со цел да се постигне првичен договор во текот на ноември, стои во соопштението.

Лајтхајзер порача дека  се надева на “рани“ резултати во делот на техничките бариери за трговијата, додека Малмстром изјави дека се надева на „ограничен трговски договор фокусиран само на царини врз добра“.

Трговските тензии помеѓу ЕУ и САД траат откако претседателот Доналд Трамп одлучи да ги оцарини европскиот челик и алиуминиум, предизвикувајќи загриженост во ЕУ и кај нејзините партнери. За возврат ЕУ оцарини низа традиционални производи.

Трамп и претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, во јули ја дееслакираа состојбата по средба во Вашингтон и се договорија двете страни да започнат трговски преговори со цел постигнување „нула царини“. ЕУ стравува од можни царини врз автомобилите, додека пак САД смета дека е оштетена во повеќе области во размените со ЕУ, посебно за земјоделските производи.

За сега нема детали за што точно разговарале двете страни и дали станало збор за конкретни производи. тм/17:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...