Годишнина од нападите во Њујорк и Вашингтон

Годишнина од нападите во Њујорк и Вашингтон

Њујорк, 11 септември 2018 (МИА) - САД денеска одбележуваат 17 години од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа над 3.000 луѓе.

Исламистите, повеќето од нив од Египет, киднапираа четири патнички авиони со кои ги урнаа зградите на Светскиот трговски центар во Њујорк и го погодија седиштето на американската армија - Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион падна во поле во Пенсилванија по борба меѓу патниците и исламистите.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го посети Меморијалниот центар изграден на местото каде што се урна четвртиот авион, во гратчето Шенксвил.

Нападите беа извршени во првата година од мандатот на претседателот Џорџ Буш Помладиот. Тој одговори со напад врз Авганистан, со цел да се урне талибанското движење, кое ѝ даваше поддршка на исламистичката група Ал каеда, одговорна за нападите, а потоа и со повеќегодишна крвава инвазија врз Ирак.

САД реагираа и со воведување нови, многу построги закони за контрола на комуникациите и следење на муслиманските здруженија, при што спречија повеќе напади врз авиони и на локации, како на Тајмс сквер во Њујорк. цч/сп/07:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.