• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Најмалку 35 жртви во експлозија на цистерна со гас во Нигерија

Најмалку 35 жртви во експлозија на цистерна со гас во Нигерија

Абуџа, 11 септември 2018 (МИА) - Најмалку 35 лица загинаа, а стотици се повредени во северната нигериска држава Насарава при експлозија на камион цистерна со гас, која предизвика пожар.

Претставник на државната служба за вонредни ситуации соопшти дека несреќата се случила при истоварување на гасот на бензинска пумпа на патот од Лафија до Макурди, кој го поврзува главниот град Абуџа со северниот и јужниот дел на земјата.

Слични несреќи се вообичаени во Нигерија, каде патиштата се во лоша состојба, а нормите се безбедност се ниски, коментираат светските агенции. Најмалку девет лица загинаа во нигериската комерцијална престолнина Лагос во јуни, кога цистерна со бензин се запали и пламенот зафати уште 53 автомобили. јт/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ