• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Калифорнија ќе ги затвори сите термоцентрали до 2045 година

Калифорнија ќе ги затвори сите термоцентрали до 2045 година

Сакраменто, 11 септември 2018 (МИА) - Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Џери Браун го потпиша законот со кој државата се обврзува до 2045 година да произведува струја без емисија на јаглерод диоксид.

- Ќе ги исполниме обврските од Договорот од Париз и ќе ја насочиме нашата економија да испушта нула јаглерод диоксид, изјави гувернерот Браун.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Климатскиот договор потпишан во Париз во 2015 година, но одделни американски градови и сојузни држави најавија дека и покрај тоа ќе го почитуваат Договорот.

Според законот изгласан во Собранието на Калифорнија, до 2025 година во државата најмалку половина од струјата ќе мора да се произведува од обновливи извори - сончева, геотермална, хидро енергија или од ветерници. До 2030 година овој удел треба да се зголеми до 60 проценти, а до 2045 година треба да се затворат последните термоцентрали на јаглен и природен гас.

- Ова барање е неисплатливо и неодржливо, соопшти компанијата „Пацифик гас и струја“, која снабдува две третини од Калифорнија со струја и гас.

Според компанијата, цените на струјата и другите енергенси ќе се зголемат како резултат на овој закон. цч/сп/08:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.