• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Состанок на арапските земји посветен на обезбедувањето средства за Палестинците

Состанок на арапските земји посветен на обезбедувањето средства за Палестинците

Каиро, 11 септември 2018 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската лига денеска одржуваат самит  во Каиро, каде се очекува главна тема да бидат финансиските проблеми во УНРВА, aгенцијата на Обединетите нации задолжена за помош на Палестинците.

САД повлекоа 300 од 365-те милиони долари колку што годишно даваа за потребите на УНРВА, која обезбедува образовни, здравствени и други услуги во палестинските територии, обвинувајќи ја Агенцијата дека шири омраза и го попречува постигнувањето мировен договор меѓу Израелците и Палестинците. Арапските земји беа повикани да обезбедат дополнителни средства за да ја покријат дупката во финансирањето на УНРВА.

На средбата во Каиро исто така ќе се дискутира и за крвавите граѓански војни во Јемен и Сирија, особено за очекуваната офанзива врз сириската област Идлиб. цч/сп/09:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.