• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во една година во Мексико биле убиени 175 политичари

Во една година во Мексико биле убиени 175 политичари

Мексико Сити, 11 септември 2018 (МИА) - Во изминатите 12 месеци во Мексико биле убиени 175 политичари, соопшти аналитичката агенција Етелект.

Покрај убиствата, забележани се уште 850 напади врз политичари, особено во пресрет на изборите во јули.

Но, и по изборите пресметките продолжуваат - во изминатите два месеци биле убиени 21 политичар, а забележани се уште 63 политички мотивирани напади.

Последниот ваков напад е убиството на штотуку избран градоначалник во северната област Чиуауа. цч/сп/09:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.