Сеул ги повика САД и Северна Кореја да направат храбар чекор кон мирот

Сеул ги повика САД и Северна Кореја да направат храбар чекор кон мирот

Сеул, 11 септември 2018 (МИА) - Претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин денеска ги повика Пјонгјанг и Вашингтон да преземат храбри чекори за да се стави крај на кризата околу севернокорејската нуклеарна програма и се понуди да биде посредник во нивните контакти.

Мун, кој оваа година трипати се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повика на траен мир на Корејскиот Полуостров со уништување на нуклеарното оружје.

- Северна Кореја треба да го уништи своето нуклеарно оружје, а САД да преземат соодветни чекори да возвратат на тој потег. Во овој процес, двете земји треба да ја надминат длабоко вкоренетата меѓусебна недоверба, изјави Мун. цч/сп/12:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.