• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Путин: Воената соработка со Кина се развива во духот на меѓусебна доверба

Путин: Воената соработка со Кина се развива во духот на меѓусебна доверба

Владивосток, 11 септември 2018 (МИА) - Одбранбената соработка меѓу Русија и Кина се одвива во духот на доверба, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг во Владивосток.

Путни нагласи дека Русија денеска ги отпочнува воените вежби „Восток 2018“ со дури 300.000 војници, а на кои учествуваат и кинески и монголски единици.

Вежбите кои се одржуваат во источен Сибир ќе траат до 17 септември. Руската армија соопшти дека маневрите се слични на воените вежби „Запад 81“ од пред 40-тина години, кога меѓу 100 и 150 илјади војнции на тогашниот Варшавски пакт спроведуваа воени вежби во источна Европа. цч/сп/13:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ