• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ОН: Бројот на гладни во светот се зголемува

ОН: Бројот на гладни во светот се зголемува

Женева, 11 септември 2018 (МИА) -  Бројот на гладни луѓе во светот се зголемил во изминатите три години, со што е вратено нивото од пред една деценија, се нагласува во извештај на ОН.

Извештајот објавен денеска покажува дека 821 милион луѓе, секој деветти на планетата, се неухранети во 2017 година (815 милиони вo 2016 година).

Речиси 151 милион деца под пет години - 22 отсто од вкупниот број - имаат несоодветен раст поради лоша исхрана.


Гладот се влошува во Африка и Јужна Америка, се вели во извештајот под наслов „Состојба со безбедноста на храната и исхраната во светот".

Во исто време се вели дека 672 милиони возрасни лица, повеќе од секое осмо лице на планетава, се со прекумерна тежина.

Извештаите наведуваат дека причините се многубројни, вклучително и климатските промени како што се суши и поплави, како и војна и насилства.

Годишниот извештај на ОН беше развиен во соработка со УНИЦЕФ, Светската здравствена организација, Светската организација за храна и земјоделство, Меѓународниот фонд за земјоделство и развој и Светската програма за храна. зш/14:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...