НАТО ги оквалификува воените вежби на Русија како подготовка за голем конфликт

НАТО ги оквалификува воените вежби на Русија како подготовка за голем конфликт

Брисел, 11 септември 2018 (МИА) – НАТО денеска предупреди дека Русија се подготвува за голем конфликт, јави ДПА.

– Воените вежби демонстрираат фокусирање на Русија врз маневри за голем конфликт, нагласува во изјава портпаролката на НАТО, Оана Лунџеску.

– Тие вежби се дел од модел што го надгледуваме извесно време – посамоуверена Русија, која значително зголемува буџет за одбрана и воено присуство...Во изминатите години сме сведоци на воено присуство на Русија вклучително во реоните на Балтичкото и Црното Море како и во Медитеранот, се додава во изјавата.

Русија почна денеска еднонеделни воени вежби, најголеми од Студената војна досега и во маневрите учествуваат над 300.000 војници, вклучително и од Кина и Монголија.зш/15:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...