• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Трамп ја откажа посетата на Ирска планирана за ноември

Трамп ја откажа посетата на Ирска планирана за ноември

Даблин, 11 септември 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Ирска, планирана за ноември, кпоради проблеми околу распоредот, соопшти денеска ирската Влада.

Белата куќа во август соопшти дека Трамп ќе отпатува во Ирска по првпат во својство на претседател како дел од потувањето за време на кое ќе присуствува на одбележувањето на стогодишнината од примирјето со кое заврши Првата светска војна, а кое се празнува на 11 ноември

Различни групи најавија протести поради посетата на Доналд Трамп.

- Планираната посета на американскиот претседател е одложена, рече портпаролот на ирската влада. - Американската страна посочи проблеми околу распоредот. ссм/20:59

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ