• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Гутереш апелира да се избегне „крвопролевање“ во Идлиб

Гутереш апелира да се избегне „крвопролевање“  во Идлиб

Њујорк, 12 септември 2018 (МИА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, апелира до сите страни што се директно и индиректно вклучени во конфликтот во Сирија, посебно Иран, Русија и Турција, да ги заштитат цивилите и да избегнат „крвопролевање“ во последниот голем бастион на бунтовниците, Идлиб.

Тој додаде дека тотален судир во Идлиб „би довел до хуманитарен кошмар, каков што сѐ уште не е виден во крвавиот сириски конфликт“.

Гутереш рече дека е јасно оти „сегашната ситуација во Идлиб не е одржлива и дека присуството на терористички групи не може да се толерира“, но оти е особено важно Иран, Русија и Сирија „да најдат начин да ги изолираат терористичките групи и да создадат ситуација во која цивилите нема да ја платат цената за решавање на проблемите во Идлиб“.

Во меѓувреме, американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, ги обвини сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници Русија и Иран дека го „уништиле“ последното големо упориште на бунтовниците во Идлиб. Таа повторно ги предупреди Асад и неговите сојузници дека САД ќе го сметаат секој напад на Идлиб „безобѕирен“ и оти последиците од него би биле многу тешки. јт/07:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...