Лавров: Американската политика на притисоци нема да даде резултати

Лавров: Американската политика на притисоци нема да даде резултати

Владивосток, 12 септември 2018 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД нема да можат да постигнат долгорочен успех со својата политика на притисоци и санкции.

- Американците имаат една парола дека - Америка е број еден. Тоа заслужува почит, Американците се големи патриоти и секоја чест за тоа. Но, кога оваа парола ќе почне да се применува практично, тогаш таа доаѓа во судир со неопходноста да се бараат компромиси и да се постигнуваат договори, изјави Лавров на обраќање на Форумот на младите руски дипломати во Владивосток, каде во тек е Источниот економски форум.

Како што јави новинската агенција ТАСС, Лавров изјави дека САД веќе често не се ни обидуваат да преговараат, туку веднаш посегаат по санкциите, како што е примерот со Русија, Северна Кореја, и најавените санкции за Кина поради третманот на муслиманското ујгурско малцинство. цч/сп/09:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...